Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Информација за тим билдинг за екипите по прва помош

2024-06-19

Информација за тим билдинг за екипите по прва помош

Црвениот крст на Република Северна Македонија на 19 јуни 2024 година, организираше тим билдинг за екипите по прва помош кои земаа учество на регионалните натпревари по прва помош 2024 година. Домаќин на настанот беше општинската организација на Црвен крст Неготино и истиот се одржа во Акватика Парк. Целта на настанот е тим билдинг и меѓусебно дружење на учесниците од регионалните натпревари преку забавни и рекреативни активности. Пред почетокот на игрите, 5 екипи по случаен избор одговараа на прашања од квиз по прва помош.